По повод 60-годишнината од земјотресот во Скопје, утре демонстрација на солунската специјална единица за одговор при катастрофи

Спортско рекреативен центар Сарај/Фото: ЈП Паркови и зеленило

Во рамки на настаните организирани од УНДП (Програма за развој на Обединетите нации) за 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, 2-ата ЕМАК од Солун (Специјална единица за одговор при катастрофи), во соработка со противпожарната бригада на градот Скопје, Службата за заштита и спасување и Црвениот крст на Северна Македонија, утре, на 16 мај 2023 година во 11:00-12:30 часот во Спортско-рекреативниот центар на паркот на општината Сарај ќе одржи демонстрација на противпожарна и спасувачка опрема за јавноста, соопшти грчката амбасада во Скопје.

Влезот е бесплатен за посетители.

Вежбата е организирана од Дирекцијата за заштита и спасување на Северна Македонија и нејзиниот заменик раководител Зулфиќар Зејнулаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот