ПО ПОВЛЕКУВАЊЕТО ОД СЕВЕРНА СИРИЈА: САД воведуваат санкции за Турција поради нападите над Курдите

Фото: Профимедиа

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ за воведување санкции против Турција во врска со нејзината воена операција во Сирија, се наведува во соопштение на државниот секретар Мајк Помпео, пренесе ТАСС.

– Претседателот Трамп го потпиша указот за да ја присили Турција да ја прекине својата воена офанзива во североисточна Сирија и да се согласи на примирије. Овој извршен указ на Министерството за финансии и на Стејт департментот им дава надлежности да ја разгледаат можноста за воведување и воведат санкции против физички лица, организации или лица поврзани со владата на Турција и учесници во активности кои создаваат опасност за граѓаните или водат до натамошно поткопување на мирот, безбедноста и стабилноста во североисточна Сирија – се наведува во соопштението лиферувано од Стејт департментот.

Тројца претставници на турските власти од висок ранг од министерствата за енергетика и одбрана веднаш се ставени на списокот со санкции, во согласност со надлежностите што истовремено со потпишувањето на указот им беа дадени на министерствата, се подвлекива во документот.

– За да ги избегне последиците од натамошните санкции, наметнати со новиот извршен указ, Турција треба под итно да го прекине својот едностран напад во североисточна Сирија и да се врати кон дијалогот со САД во однос на безбедноста во североисточниот дел на Сирија – изјави државниот секретар.

Конкретно, со одлука на претседателот Трамп од синоќа за 50 отсто се зголемени таксите за увоз на челик од Турција, а тој самиот преку соопштение се закани дека веднаш ќе го прекине договорот со оваа земја вреден 100 милиајрди долари.

– Турција, за жал, се чини не ги ублажува хуманитарните ефекти од инвазијата – наведе Трамп на Твитер

Тој наведе дека околу 1.000 американски војници на кои им беше нареднео да ја напуштат Сирија, сепак, ќе останат на Блискиот исток за да го спречат евентуалното заживување на Исламска држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот