По иранските закани врз бродови што пловат под меѓународно знаме, САД испраќаат засилување во Персискиот Залив

САД соопштија дека испраќаат засилување во Персики Залив по, како што го нарекоа, зголеменото вознемирување од страна на Иран врз бродови што пловат под меѓународно знаме.

Министерството за одбрана ќе преземе серија потези за да ја зајакне нашата одбранбена положба во Заливот, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, додавајќи дека „наредните денови ќе има детали за засилувањето“.

Кирби рече дека Иран во изминатите 15 години „малтретирал, нападнал или попречил“ 15 трговски бродови, што пловеле под меѓународно знаме.

„Видовме повторени ирански закани, заплени на оружје и напади врз комерцијални бродови …во меѓународните води и стратешките водни патишта во регионот. САД нема да дозволат странски или регионални сили да ја загрозат слободата на навигација низ блискоисточните водни патишта, вклучително и во Ормуски Теснец“, посочи Кирби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот