По иницијатива на Павле Трајанов, Уставниот суд ќе расправа за изборниот законик

Павле Трајанов - политичар / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Уставниот суд утре ќе ја разгледува иницијативата на Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, во врска со Изборниот законик со кој се фаворизираат четири партии и не се обезбедени услови за рамноправен политички натпревар, велат од ДС.

„Со иницијативата се бара укинување на законски решенија со кои на две партии од власта и две партии од опозицијата им се обезбедува 90% од медиумскиот простор, финансирање на изборна кампања, простор за реклама, како и во целина финансирањето на партиите преку партиски институти итн“, се вели во соопштението.

„Со овој закон се загризува политичкиот плурализам, што е спротивно на Уставот и воопшто на демократските правила за демократски и фер избори“, додаваат од партијата, која поради ова прашање и ја напушти владејачката коалиција.

Седницата ќе започне во 9:30 часот, во просториите на Уставниот суд“, стои во соопштението на ДС испратено до медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот