
По 11 месеци брак: Се разведуваат славната тенисерка и македонскиот милијардер
Познатата романска тенисерка Симона Халеп по неполна година брак реши да се разведе од сопругот Тони Јурук.
Препорачано
Тенисерката и милијардерот се венчаа на 15 септември минатата година, а на само неколку дена пред годишнината од бракот излезе веста која ја шокираше јавноста – решиле да се разведат.
View this post on Instagram
Ова го потврди и милијардерот роден во Македонија.
„Симона и јас донесовме одлука да се разведеме. Тоа е сè што ќе кажам, престанете да инсистирате“, кратко потврдил Јурук.
Халеп и Јурук нема да го делат богатството, бидејќи таква одлука донеле пред да стапат во брак.
Се шпекулира дека главната причина за разделбата е големата дистанца помеѓу Симоне и нејзиниот сопруг. Романката неодамна се пресели во Франција на инсистирање на тренерот Патрик Муратоглу, а односот со сопругот се заладил.
Да потсетиме, парот се венча минатата година на брегот на Црното Море во градот Констанца, родното место на 11-та тенисерка во светот. На луксузната венчавка имало околу 300 гости.
Јурук инаку е многу успешен бизнисмен, сопственик на повеќе фирми. Роден е во Македонија. Интересно е и тоа што на Јурук ова му е трет брак, прво беше во брак со манекенка, па со долгогодишна девојка, но и тие бракови не траеја долго. Со Симона Халеп се венча по три години врска.
ФОТО | Тенисерката Симона Халеп се омажи за 13 години постар македонски милионер
ВИДЕО: Халеп и Циципас елиминирани во првото коло на „УС Опен“