ПМФЛ: Шкупи убедливо го совлада Вардар, Силекс во 93 минута до бод против Тиквеш

фото: instagram.com/fkvardar

Денеска во 25 коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) екипите на Тиквеш и Силекс ремизираа со конечен резултат 1:1.

По првото полувреме на Градскиот стадион во Кавадарци мируваа мрежите, а на стартот од вториот дел поведоа домаќините со голот на Даноски во 54 минута.

Клубот од Кратово успеа во самиот финиш од натпреварот да го избегне поразот со погодокот на Ѓорѓиевски (90+3`). Во генералниот пласман Силекс е на четвртото место со 36 бодови, три повеќе од петтопласираниот Тиквеш.

Шкупи на стадионот Чаир во Скопје убедливо со 3:0 триумфираше над Вардар. Немаше голови во првите 45 минута, а во вториот доминираа домашните фудбалери, а воедно видовме и по еден црвен картон на двете страни.

Најпрвин во 54 минута Шкупи поведе со голот на Дуду во 54 минута, па следуваше исклучување кај гостите кое го доби Ристовски. Во 68 минута ваквата предност на теренот ја искористи домаќинот за уште еден погодок во 68 минута преку Трапановски за 2:0.

Во 77 минута чаирчани постигнаа уште еден гол кој го реализираше Гронер, а од 81 минута и тие играа со фудбалер помалку по црвениот картон на Рватубјаје.

На табелата Шкупи е на втората позиција со 51 бод колку и водечката Струга која својот меч ќе го има во текот на утрешниот ден. Вардар е на 10 место со 26 бодови.

А останатите мечеви од оваа рунда ќе се одиграат в недела исто така со почеток од 15.00 часот: Брера Струмица – Работнички, Струга Трим Лум – Воска Спорт, Шкендија – Брегалница и Гостивар – Македонија ЃП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот