Плико со три куршуми испратено до папата Франциск

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Плико кое било испратено од Франција до папата Франциск, било пресретнато во близина на Милано, поради тоа што во него биле пронајдени три куршуми, пренесува Месагеро.ит.

На пликото бил напишан едвај читлив текст со пенкало, а на него била напишана адресата на папата.

Пратката при проверка била случајно пронајдена од вработените во поштата Пешиера Боромео, во близина на Милано. Пликото веднаш било пријавено, а полицијата на Милано веднаш ја започна истрагата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот