Facebook/Food & Drink at Wimbledon's post

Пластична кригла пиво на Вимблдон чини околу 10 евра, шише шампањско повеќе од 100 евра, а и јагодите и сладоледот оваа година се со повисоки цени

Разбирливо е дека на спортски спектакл како Вимблдон посетителите не можат да очекуваат евтини пијалаци и храна, но дел од оние кои го следат турнирот на социјалните мрежи реагираа дека оваа година цените на Вимблдон се значително повисоки од минатата година.

Корисниците на социјалните мрежи не се воздржаа да ги искажат своите мислења за финансискиот удар што го носи присуството на престижниот спортски настан во Лондон – особено откако ја виделе цената за кригла пиво.

„Само милионер може да се напие на Вимблдон. Цените се безобразни.“ – напиша еден корисник на Твитер.

Цени на храна и пијалаци на Вимблдон 2025


Пиво

За кригла пиво Стела Артоа, кое се служи во пластични чаши, посетителите плаќаат дури 8,85 фунти (628 денари), додека во 2023 година истата кригла чинела 7,55 фунти (550 денари) пред цената да се искачи на 8,50 фунти (604 денари) минатата година.

Други алкохолни пијалаци

Ни љубителите на вино не се поштедени од зголемувањето на цените – чаша (187 мл) бело, црвено или розе вино сега чини 10,20 фунти (724.90 денари), исто колку и џин тоник.
Шише шампањско Lanson Le Black Creation Brut чини 96 фунти (6822 денари), додека една чаша 26.55 фунти (1886 денари).

Розе варијантата е уште поскапа – 100.90 фунти за шише и 29.85 фунти за чаша.

Безалкохолни пијалаци

Соковите исто така не се евтини – шише сок Фробишерс чини 4,20 фунти (298 денари), додека Кока-Кола и Спрајт 2,75 фунти (195 денари). Шише вода од 750 мл е 5 фунти, чаша чај 2.95 фунти, кафе американо 3.50 фунти, лате или капучино 4.15 фунти.

Грицки, пецива

Топлите пецива достигнуваат цена до 6,80 фунти (483 еинари) на овогодинешниот турнир, додека грицките, во зависност од производителот, околу 5 фунти (355 денари).

Сендвич со риба е 13.85 фунти (984 денари).

Јагоди и сладолед

Јагодите и сладоледот достигнуваат цена од 2,70 фунти (191 денар).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот