Пласидо Доминго позитивен на коронавирусот: Кашлам и имам треска, ве молам бидете внимателни!

Шпанскиот оперски пејач Пласидо Доминго (79) во неделата на својот Фејсбук профил објави дека бил заразен со коронавирус.

– Чувствувам дека е моја морална обврска да пријавам дека сум позитивен за „Ковид-19“, познат и како коронавирус. Јас и моето семејство сме изолирани и ќе останеме вака онолку време колку што медицински е потребно, – рече тој преку Фејсбук.

– Сите сме моментно добро, но кашлам и имам треска што ме натера да одлучам да тестирам и резултатот беше позитивен. Ве молам сите да бидете крајно внимателни и да ги следите препораките на здравствената служба, – додаде тој.

 

The post Пласидо Доминго позитивен на коронавирусот: Кашлам и имам треска, ве молам бидете внимателни! appeared first on Еспресо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот