Топло време илустрација / Фото Архива

Планетата гори! Мај беше најтопол во историјата, сите рекорди паѓаат веќе 12 месеци

Мај 2024 година беше најтоплиот мај досега, според Службата за климатски промени Коперник, финансирана од Европската Унија. Со глобалната температура за 0,65 степени над просекот од 1991 до 2020 година, ова е 12-ти последователен месец во кој глобалните температури ги соборуваат сите рекорди, пишува „Индепендент“.

– Шокантно е, но не и изненадувачки што стигнавме до серија од 12 месеци. Оваа низа од рекордни месеци ќе биде скршена еднаш, но трагата на климатските промени останува и нема знаци дека овој тренд ќе се промени. Живееме во невидени времиња, но имаме и невидено знаење за следење на климата и тоа може да ни помогне во идните акции – вели Карло Буонтемпо, директор на Коперник, во изјавата.

Тој додава дека ако го стабилизираме количеството на стакленички гасови во атмосферата, до крајот на векот можеме да се вратиме на пониски температури.

– Во текот на претходната година, секој месец во календарот се зголемуваше температурата. Нашата планета се обидува да ни каже нешто. Но, се чини дека не сакаме да го слушнеме тоа. Уриваме глобални температурни рекорди. Време е да се мобилизираме и дејствуваме – се вели во соопштението на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Податоците на Коперник покажуваат дека глобалните температури во мај 2024 година биле 1,52 степени над оние од 1850 до 1900 година. Ова исто така значи дека ова е 11-ти месец по ред кога температурите се 1,5 или повеќе степени над прединдустрискиот просек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот