epa-efe
епа-ефе+PROFIMEDIA

Пирс Морган за веста за ќерката на Меган и Хари: Нејзините родители постојано бараат приватност и јас одбивам да коментирам

Веста дека принцот Хари и Меган Маркл го добија своето второ дете, ќерката на која ѝ го дадоа името Лилибет Дијана во чест на британската кралица и починатата мајка на Хари, се рашири молскавично брзо.

Ќерката на Меган Маркл и принцот Хари, Лилибет Дијана ќе добие двојно државјанство

Додека некои ја поздравија идејата за името, имаше и такви кои веднаш почнаа со негативните коментари.

За веста за раѓањето на бебето коментираше и ТВ водителот Пирс Морган, кој е познат по негативните ставови кон Меган Маркл и прицнот Хари. Овојпат тој реши да се исмејува со својата објава на „Твитер“.

„За сите оние што ме прашуваа за мојата реакција на новото кралско бебе, решив да го почитувам фактот дека нејзините родители постојано бараат приватност и јас одбивам да коментирам“, напиша Морган, потсмевајќи се на фактот дека Меган и Хари како една од причините за напуштање на кралското семејство ја наведоа токму потребата за приватност, а отткогаш постојано се присутни во медиумите и даваат интервјуа.

Во коментарите брзо се разви жестока дискусија и многумина напишаа дека не им се допаѓа тоа што ќерлата на Меган и Хари го добила името по прекарот на кралицата Елизабета по сите скандали што ги приредија изминатава година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот