
„Пинг-понг“ со надлежностите околу депонијата во Струга – министерството вели дека одговорна е општината
Во врска со состојбата со депонијата во Струга, Министерството за животна средина и просторно планирање соопштува дека Општината има обврска континуирано да ја одржува и чисти, заради спречување на потенцијални еколошки и здравствени опасности и да се гарантира основно ниво на заштита на околината и здравјето на жителите. Оттаму велат дека остануваат отворени за помош во рамките на своите компетенции, но одговорноста за редовното администрирање и одржување на депонијата е на локалната власт.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Министерството за животна средина и просторно планирање потсетува дека управувањето со комуналниот отпад е законска обврска на општините.
Според Националниот план за управување со отпад 2021–2031 и регионалните планови, општините се задолжени да обезбедуваат прибирање, пренесување, селекција и отстранување на отпадот на нивната територија. Во моментов се работи на формирање на регионален центар за преработка и средување на отпад, кој ќе овозможи долгорочно и систематско решение за управување со отпадот во регионот“, пишува во соопштението.
„Меѓутоа, додека овој центар не биде подигнат и пуштен во употреба, општина Струга има задача редовно да ја одржува и исчисти постојната депонија, со цел да се избегнат понатамошни еколошки и здравствени ризици и да се осигура минимален стандард за заштита на животната средина и благосостојбата на граѓаните“, додаваат од министерството.
Судот во Стразбур ќе одлучува за депонијата која ја труе Струга