Бране Петрушевски Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Струјата со СДСМ поскапе, зашто фирми блиски до Заев и Филипче препродавале јаглен на ЕСМ за три пати поскапа цена од набавната

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски денеска на прес-конференција го обвини лидерот на СДСМ Венко Филипче дека трет ден молчи за како што рече „испумпувањето на десетици милиони евра од ЕСМ од страна на Вице Заев и фирми кои водат и лично до него“.

Истражувањето на истражувачките новинари, кои го објавија овој скандал всушност покажува зошто ЕСМ е доведена во состојба на милионски долгови. Вице Заев, Зоран Заев и Венко Филипче се директно виновни што струјата во нивно време се покачи за над 50 проценти. Заев и Филипче се директно виновни што немало инвестиции во енергетиката, а немало за да има повеќе пари за во нивните џебови. За да може да профитираат Зоран Заев, Вице Заев и Венко Филипче, биле направени мрежа на фирми и посредници за ископ, транспорт и продажба на јаглен од Грција на ЕСМ. Јагленот кој од Грција се продавал кон мрежата на фирми за 30 евра бил препродаван во Македонија на ЕСМ по цена и до 82.5 евра. Заеви продавале скап јаглен на ЕСМ, а Филипче уживал во придобивките на милионските бизниси низ разни луксузи кои што му ги приуштувале. Овој скандал и афера од размери од неколку стотици милиони евра мора да има разрешница и одговорност. Очекуваме Јавното Обвинителство  да отвори истрага, а Венко Филипче да излезе и да каже со кое лице излегува повторно во политиката и бара гласови од народот кој тој и Заев го краделе со стотици милиони евра, рече Петрушевски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот