Петровска: МО не ја исклучува можноста да прими на лекување војници од Украина

Фото: Министерство за одбрана

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска од Охрид посочи дека МО не ја исклучува можноста, согласно направените проценки и во соработка со Министерството за здравство, да ги стави расположивите капацитети за лекување на војници од Украина.

– Во рамки на МО постојат капацитети што би можеле да бидат ставени на располагање. Во оваа иницијатива ќе бидат вклучени повеќе институции, но како МО сме подготвени позитивно да одговориме на таквите барања, рече Петровска.

Министерката за одбрана, коментирајќи ја последната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, потсети дека земјава ја поддржува Украина и нејзината борба, но оти нема испраќање војници на украинско тло.

– Тоа воопшто не е дискутирано, на последниот министерски состанок во Брисел воопшто не беше разговарано за испраќање војници. Меѓутоа, поддршка во други форми – да, рече министерката Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот