Петрова: Енормно зголемено државно задолжување споредбено со 2023 година

Фото: Влада на РСМ

Владата се задолжи со нови 315 милиони евра на домашниот пазар од почетокот на оваа година до распишување на изборите, односно до 15 февруари. Ова задолжување е поголемо дури за 281 милиони евра во однос на истиот период од минатата година, што е пораст за околу 840%, напиша на својот Фејсбук профил Заменик-министерка за финансии во техничката Влада Елена Петрова

„Ова ново задолжување Владата го користеше најмногу за финансирање на буџетскиот дефицит кој беше генериран во овој период. Имено, Владата во овој период потроши 763 милиони евра, а од даноците, придонесите и другите приходи во буџетот влегоа 555 милиони евра. Оваа негативна разлика (буџетски дефицит) од 208 милиони евра е поголема дури за 101% во однос на истиот период од минатата година“, напиша Петрова.

„За што трошеше Владата, односно државните органи и институции во овој период повеќе од истиот период минатата година? Трошоците за плати и надоместоци на вработените во министерствата, органите и институциите се поголеми за 20%. Пензиите, социјални надоместоци и други слични трансфери, кои се претежен дел од буџетските трошења, се зголемени за 28%.Во истиот период, кај буџетските приходи потфрли наплатата на даноците.Особено потфрли наплатата на ДДВ, при што се собрани средства помалку за 1/3 од минатогодишната наплата (99 милиони евра собрани во 2024 год., наспроти 149 милиони милиони евра собрани во 2023 год, додаде Петрова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот