Петмина убиени поради кражба на гориво во Мексико

Убиени полицајци во Мексико / Мексико полиција / Фото EPA-EFE/Jose Luis de la Cruz

Вооружени напаѓачи на мотоцикли во саботата убија пет мажи на периферијата на мексиканскиот град Пуебла поради расправија за украденото гориво, пренесува Вашингтон пост, цитирајќи го денешното соопштение на локалните власти.

Полицискиот оддел во Пуебла соопшти дека петте жртви чувале два камиони-цистерни кога се случил нападот. Најверојатно се работи за кражба на гориво, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека двете жртви биле уапсени во октомври за нивна наводна вмешаност во експлозија на камион цистерна со гас, но не ја прецизираше нивната улога во инцидентот.

Градот Пуебла е источно од Мексико Сити и долго време има проблем со бандите кои дупчат нелегални цевки во владините цевководи за да крадат гориво. Престрелките меѓу бандите и полицијата не се невообичаени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот