Петмина крадци затекнати при кражба на предмети на ЈП „Македонија пат“

Македонска полиција / Фото: МИА

Четворица тетовци и еден кумановец се приведени вчера откако биле затекнати при кражба на предмети од Јавното претпријатие „Македонија пат“.

„Вчера (12 март) околу 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Тетово – Скопје, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.К.(23), Б.Н.(27), Н.К.(37) и И.К.(38), сите од Тетово, и малолетник од Куманово. Тие биле затекнати при извршување кражба, при што одзеле повеќе предмети сопственост на ЈП „Македонија пат“. Одземеното било вратено на „Македонија пат“, а лицата се задржани во Полициската станица Тетово“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот