Петков потрошил најмногу за вечерата со Ковачевски – 9.000 евра, за онаа со Шолц петпати помалку

Фото: Димитар Ковачевски/Фејсбук

Поранешниот бугарски премиер, Кирил Петков, најскапата вечера како претседател на Владата ја приредил при посетата на македонскиот колега, Димитар Ковачевски, на Софија во јануари годинава

Како што пишува бугарскиот медиум „Епицентар“, Петков потрошил околу 9.000 евра за вечерата Ковачевски и неговата делегација.

За споредба, вечерата која ја организирал Петков за германскиот канцелар Олаф Шолц, чинела петпати помалку – 1.800 евра, слично како и онаа со холандскиот премиер Марк Руте – 1.830 евра.

Бугарскиот портал во текстот, кој е критичен кон поранешниот премиер и го обвинува за прекумерно трошење, наведува и дека Петков барал органска храна, овошје и зеленчук, а пиел скапи води и цедени сокови од свежо овошје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот