Петков го предложи Драгомир Заков за министер за одбрана на Бугарија

Кирил Петков, премиер на Бугарија/Фото: БТА/МИА

Премиерот на Бугарија Кирил Петков при влегувањето во Народното собрание соопшти дека Драгомир Заков е новиот предлог за министер за одбрана. Како што јави дописникот, Драгомир Заков е професионален дипломат од кариера и од 2019 година е постојан претставник на Бугарија во седиштето на НАТО во Брисел.

Народното собрание во моментов е на 30-минутна пауза по барање на владејачката партија „Продолжуваме со промената”.

Вчера бугарскиот премиер Кирил Петков побара оставка од министерот за одбрана Стефан Јанев поради објава на Фејсбук и ја објави кандидатурата на познатиот експерт Тодор Тагарев, кој во 2013 година веќе беше министер за одбрана во преодната влада на Марин Рајков. Петков ја координирал промената со другите коалициски партнери, а го информирал и бугарскиот претседател Румен Радев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот