Пет мртви во конфликт меѓу полицијата и бунтовниците во Пакистан

Фото Архива на СП

Тројца војници и двајца бунтовници се убиени во воена операција во југозападен Пакистан.

Во соопштението на војската се наведува дека судирот се случил во областа Суи во Белуџистан, каде што се наоѓаат главните гасоводи во земјата.

Потоа следувала акција за апсење на бунтовниците кои биле осомничени дека го извршиле нападот и избегале.

Претходно, во друг инцидент, девет војници беа убиени во напад на бунтовниците врз контролен пункт. Армијата соопшти дека се убиени петмината напаѓачи.

Повеќе од две децении, Белуџистан е проблематичен регион со неколку мали сепаратистички групи. Националистите првично сакаа дел од ресурсите на покраината, но подоцна започнаа бунт за независност.

Иако Пакистан тврди дека го задушил бунтот, насилството во провинцијата не престанува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот