Пет имиња на листата на кандидати за член на ДИК

Државна изборна комисија / Фото: МИА

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница ја утврди листата на кандидати за член на ДИК, потврди за МИА пратеникот на Движењето „Беса“ Фадил Зендели.

Пријавени се пет кандидати за нов член на ДИК – Беат Даути дипломиран правник, Абдуш Демири економист, Роберт Трајковски и Зулфи Адили. По утврдувањето, листата на кандидати треба да се најде на усвојување на пленарна седница.

Претпладнево, седницата на собраниската Комисија за прашања на избори и именувања беше прекината расправата за утврдување листа на кандидати за член на ДИК откако претседателката на Комисијата Марија Георгиевска истакна дека кандидатот на опозицискиот Европски сојуз за промени – Абдуш Демири не ги исполнува потребните критериуми, затоа што е генерален секретар на партија, на што бурно реагираше пратеникот на албанската опозиција Фадил Зендели велејќи дека тоа не е точно.

Зендели посочи дека со документите при пријавата на јавниот оглас била доставена и нотарска изјава која потврдува дека лицето не е носител на функција генерален секретар на партија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот