Пет големи пожари во Прилепско, сообраќајот во прекин

Пет големи пожари во моментов се активни во Прилепско, меѓу кои и пожарот покрај магистралниот пат Прилеп-Градско кај Плетвар, на потегот кај месноста Тројаци до Радобил, каде гори нискостеблеста шума и трева од 13:30 часот.

Поради густ чад и намалена видливост, сообраќајот е запрен и има долга колона возила.

Активни се и пожарите кај селата Подмол, Бонче, Дебреште, Долненско. Главно горат нискостеблеста шума и трева. Виктор Стојчески, од прилепската противпожарна единица, вели дека имаат екипи напомош од соседниет градови.

– Екипите постојано се на теренот кај жариштата, помош ни пристигна од Кавадарци и крушево, а на теренот се и екипите од прилепските јавни комунални претпријатија, вели Стојчески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот