Пешева: ЈП „Лајка“ должи повеќе од 13 милиони денари, само три општини му плаќаат на претпријатието

Само три општини и тоа Центар, Аеродром и Гази Баба редовно ги плаќаат договорените обрски кон ЈП „Лајка“, со Чаир, Шуто Оризари и Сарај воопшто не се склучени такви договори, а а останатите не ги подмируваат своите обврски. Во моментов претпријатието има долг од 13 389 000 денари, сметката е постојано блокирана од извршители, оти сега достасуваат пресуди од 2020 година, а вработените се два месеци без плата.

Ова го образложи в.д. директорката на „Лајка“, Рамила Пешева во своето обраќање на денешната седница на Советот на Град Скопје, на кое се расправаше за предлогот претпријатието да добие субвенции од 3 милиони денари поради потешкотии во работењето, што на крајот на расправата беше прифатено, со аплауз на  дел од присутните советници.

„Лајка“ врши дејност од исклучително значење за граѓаните, преку хуман третман, стерилизација и вакцинација на безздомните кучиња, се трудиме да се стави под контрола и да се намали нивниот број, да се намалат глутниците и агресивните кучиња, се превенира агресија и каснување од кучиња. Три децении се соочуваме со овој проблем затоа што не се приоѓа  со сериозност на проблемот – рече Пешева.

Таа нагласи дека ЈП „Лајка“ е единствената која се труди да го амортизира проблемот со бездомните кучиња, во услови кога никој не го контролира спроведувањето на законите, неодговорното сопствеништво и обврската за стерилизација. Пешева рече дека нејзина цел е во наредната година да се истретираат 2000 до 3000 улични кучиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот