Пензионерите се организираат за голем протест на 20-ти во Скопје

Протест на пензионерите / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Пензионерите се организраат да дојдат на 20-ти септември во Скопје и да направат масовен протест доколку не се прифати нивното барање за линеарно зголемување на пензиите по 3.500 денари , место процентуално, согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Вчера, протетираа пензионерите од Штип пред просториите на Здружението на пензионери.

Соња Ристовска од Инцијативниот одбор на пензионерите вели дека покрај барањето за линеарно зголемување na penziite, едно од барањата е и промена на методологијата за пресметка на пензиите.

-Тука не сме сега дојдени од лудост, туку за гордост, за да го зачуваме достоинството и единството. Силата е во нашето единство- вели Ристовска.

Таа ги повика штипските пензионери кои се заинтересирана да присуствуваат на протестот во Скопје на 20-ти септември да се пријават во Здружението, со цел да се обезбеди превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот