Пензионер пронашол богатство старо 3.000 години во шумата: Имав поголеми шанси да добијам на лотарија

Фото: Фејсбук/ Steven Payne

Џонатан Нидам открил држач за фустан или наметка направена во бронзеното доба и се надева дека приходите ќе му овозможат да оди на одмор на Карибите.

Пензионерот Џонатан Нидам, од Хакнал, шетал во шумата барајќи метални ситници кога налетал на вистинско богатство – златен држач за фустан стар 3.000 години. Овој објект, долг 127 милиметри и тежок 108,98 грама, е само еден од седумте такви предмети пронајдени во Англија.

Како што вели, прво мислел дека е алуминиумска рачка, па фотографијата ја објавил на интернет. Многу брзо тој бил информиран за она што го нашол.

– Луѓето веднаш почнаа да ми кажуваат дека тоа е златен предмет стар 3.000 години, за да можеме да славиме. Удиравме во покривот на автомобилот од среќа – изјавил Нидам за „Би-би-си“.

Тој и неговиот пријател Малколм Бегли биле заедно на прошетка во Стафордшир, еден од многуте на кои се впуштаат како аматерски ловци на богатство со детектори за метал.

– Ова е неверојатно. Полудо отколку во моите најлуди соништа. Бевме во автомобилот кога сфативме колку е вреден предметот. Луѓето веројатно мислеа дека сме целосно луди. Кога дојдовме дома и направивме истражување, сфативме дека тоа е вистинско богатство. Апсолутно не можевме да веруваме во тоа што го најдовме. Таа ноќ не спиев ниту секунда. Знаев колку е посебен овој предмет и не можев да престанам да го гледам. Ова е откритие еднаш во милијарда. Имав поголеми шанси да добијам на лотарија – изјавил Нидам, пишува од „Дејли мејл“.

Британскиот музеј, во кој сега се наоѓа овој објект, потврди дека се работи за држач за фустан стар 3.000 години.

– Овој неверојатен златен објект ги илустрира културните врски меѓу Ирска и Британија за време на бронзеното доба. Во тоа време, ирските занаетчии правеа од најдобриот златен накит во Европа. Како што е потврдено со детална анализа на научникот од Британскиот музеј Лаура Перучети и кураторот Нил Вилкин, големиот држач е направен од цврст лак со два дела во облик на чаша прикачени на него. Најверојатно се носел на наметка, здолниште или фустан на некоја важна личност. Само седум од тој вид се откриени во Англија и Велс, а откритието од Стафордшир е едно од најдобро зачуваните. Го пронашол Џонатан Нидам додека го барал благородниот метал и најверојатно ќе го купи музејот – се вели во соопштението на Британскиот музеј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот