Пентагон објави фотографија од кинескиот балон непосредно пред да биде соборен

Министерството за одбрана на САД објави фотографија од кинескиот балон непосредно пред да биде соборен на 4 февруари.

Речиси 20 дена по соборувањето, Пентагон објави фотографија направена од пилотот на ловецот У-2 непосредно пред да се урне балонот на брегот на Јужна Каролина.

Северната команда на САД (NORTHCOM) објави дека остатоците од кинескиот балон се извадени од морето и испратени на испитување во лабораторијата на Федералното истражно биро (ФБИ).

Кинескиот балон, кој беше откриен над американската држава Монтана, каде што се наоѓа американското нуклеарно оружје, предизвика дипломатска криза меѓу Вашингтон и Пекинг и привремено затворање на американскиот воздушен простор, потсетува Анадолија.

По откривањето на балонот, американскиот државен секретар Антони Блинкен ја одложи посетата на Пекинг.

Кина тврди дека балонот соборен од САД бил цивилен метеоролошки истражувачки воздушен брод кој излегол од курсот.

За острите реакции од Вашингтон, кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека „некои политичари и медиуми во САД кренале прашина за да ја нападнат и оцрнат Кина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот