ВИДЕО | Пендаровски: По 20 години зборување за ЕУ и НАТО, со кој образ ќе излеземе пред граѓаните да им кажеме дека во игра е нова европска иницијатива?

Стево Пендаровски претседател на РС Македонија / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Во врска со нашата позиција во однос на проширувањето, претседателот Стево Пендаровски за Утрински брифинг на Слободен печат вели дека е извесно оти бугарското вето ќе остане и дека нашиот пат кон ЕУ ќе стагнира, но дека треба внимателно да се постапува во однос на другите иницијативи за здружување и  соработка меѓу европските земји.

– Во изминативе години имавме преголеми очекувања. Бугарскиот премиер Кирил Петков е осамен лик на политичката сцена на Бугарија. За нас таа приказна е завршена и не моеме да очекуваме промена на позицијата на Бугарија во однос на ветото што го наметна кон нашата земја. Моја проценка е дека Петков се обидува со сѐ што прави да го омекне националистичкото крило во Бугарија. Имаше анкета и кај нас во  која 72 отсто од граѓаните се против договор со Бугарија дури и при услови на зачувување на нашиот идентитет, вели Пендаровски.

Пендаровски потсетува дека има стравувања во врска со Отворен Балкан, чијашто идеја е добра, но постои можност да стане алтернатива на Европската унија, во некој формат каков што предложи францускиот претседател Емануел Макрон, а веднаш беше поддржано од германскиот канцелар Олаф Шолц.

– Ние по 20 години кажување и зборување за ЕУ и НАТО, со кој образ ќе излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека еве сега ќе се вклучиме во една нова европска иницијатива. Ние мора да знаеме дали таа иницијатива на Макрон се однесува на Украина, Грузија и Молдавија или нѐ опфаќа и нас, вели претседателот Пендаровски.

Проследете го целиот разговор во видеото:

ВИДЕО | Пендаровски: Отворен Балкан е добра идеја, ама не е алтернатива на ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот