Пендаровски од Вевчани: Гласот за број 3 е глас за сигурна иднина на младитe

Заедничкиот кандидат за претседател Стево Пендаровски, на средба со жителите на Вевчани повика на масовна излезност на престојните претседателски избори.

-Гласот за број 3 и концептот за напредок кој го предводам е глас за сигурна иднина на младите, за економските перспективи, подобрување на стандардот, повеќе пари и нови работни места. Тргнаа работите. Добивме покана за НАТО и ако продолжиме со реформскиот процес ќе добиеме датум за почеток на преговори во јуни. За две години постигнат е голем успех, бидејќи има политичари кои водат сметка за народот. Затоа е важно напредокот да продолжи, рече Пендаровски.

Слоганот на неговата кампања е „Заедно Напред“, овие два збора, рече Пендаровски, значат живот и напредок во демократски и европски дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот