Пендаровски го осуди, а Ковачевски изрази подготвеност за истрага на нападот врз Пендиков

Стево Пендаровски фото МИА
Претседателот Стево Пендаровски во објава на Фејсбук го осуди нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков.
„Го осудувам нападот врз секретарот на клубот на бугарската заедница во Охрид, Христијан Пендиков. Ги повикувам надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага, со соодветна одговорност и санкции за сторителите.“, пишува во објавата на Пендаровски.

Бугарските медиуми јавуваат дека премиерот Димитар Ковачевски во телефонски разговор со бугарскиот премиер Галаб Донев изразил подготвеност за истрага на случајот. Донев го осуди тепањето и го оцени како целосно неприфатливо и опасно кривично дело извршено врз државјанин на Република Македонија со бугарска самосвест.

“Донев побара од локалните власти веднаш да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на Бугарите во земјата против ваквите злосторства од омраза. Притоа, премиерот Галаб Донев побара помош од организацијата за транспорт на Христијан Пендиков на лекување во Бугарија“, јавуваат бугарските медиуми.

Со осуда на инцидентот се јави и претседателот на Бугарија Румен Радев, но и националистите од редовите на ВМРО, но и лидерот на Има таков народ Слави Трифонов, кои повикаа на ново вето за членството на Северна Македонија во ЕУ.

-Бугарскиот претседател Румен Радев најостро ги осудува систематските прекршувања на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и влевањето омраза кон нив, што резултираше со нападот врз Бугаринот Христијан Пендиков во Охрид, соопштија од неговата прес-служба.

Секретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид синоќа бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР.

-Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час тој ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за емисијата BulgariaOnAir.

Според него, состојбата на претепаниoт не е добра.

„Мислам дека неговите физички повреди се сериозни, но и психичките“, истакна тој.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот