Пендаровски: Добрососедските односи се услов за влез во ЕУ

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на дебата во МТВ/Фото: Скриншот

Тој истакна дека условот за влез во ЕУ е јасен, дека нема поинаков пат и направи споредба со приемот на Македонија во Организацијата на обединетите нации

Осврнувајќи се на односите со соседите кандидатот за претседател Стево Пендаровски во дебатата на МТВ порача дека во Европската преговарачка рамка, отсекогаш постоела и регионална клаузула.

„Договорот со Бугарија е споменат во Европската преговарачка рамка. Од 1997 година постои регионална клаузула секој пат кога одите кон ЕУ, секој пат. И во истата реченица во Европската преговарачка рамка за нас во која се спомнува со Бугарија, се спомна и Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор” порача Пендаровски.

Тој истакна дека условот за влез во ЕУ е јасен, дека нема поинаков пат и направи споредба со приемот на Македонија во Организацијата на обединетите нации

„Ние можеме да одиме многу назад во историјата. Од нашето зачленување во Обединети Нации, сите знаеме, четири услови се за станување членка во ООН. За нас беше измислен петти и 25 години бевме поранешна југословенска република. Одиме до таму до кадешто можеме, мала држава сме, не да клекнеме сосема и да нè тепа кој стигне, си ги кажуваме аргументите, ама некој да ми каже дека ние можевме да им речеме примете не како Република Македонија во 1993 година, тоа беше невозможно иако тогаш имаше и такви луѓе кои тоа го заговараа, но сега прашање дали ќе имаше било што во државата ако не бевме членка на Обединети Нации” посочи Пендаровски.

 

На претседателската дебата – разни гледишта за Преговарачката рамка

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот