На претседателската дебата – разни гледишта за Преговарачката рамка

Претседателските кандидати имаат од блиски до сосема различни ставови во врска со отврањето на Уставот и Преговарачката рамка за влезот во ЕУ.

Во тек е предизборната претседателска дебата на Националниот сервис МРТ. Претседателските кандидати имаат од блиски до сосема различни ставови во врска со отврањето на Уставот и Преговарачката рамка за влезот во ЕУ.

За претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски „остануваат 3.500 Бугари, мало малцинство, што треба да се стави во Уставот“. За ова важно прашање за влез во ЕУ, Пендаровски гледа оправданост за отворање на Уставот.

За претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, Преговарачката рамка не е нешто што треба да се земе или остави.

– Не го перципирам предлогот како земи или остави. Се водам од националниот и од државниот интерес. Некој требал да се повика на тоа, не смеело да се оди во Брисел без да се постигне консензус. Настојувам да се одбие Преговарачката рамка –вели Силјановска-Давкова.

За Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди „Ние мора да побараме некоја гаранција од ЕУ дека бугарскиот услов е последен“. Но тој потсети дека повеќе пораки се дојдени од европските центри дека Преговарачка рамка не може да се смени.

Билјана Ванковска Цветковска од Левица рече дека „Бугарскиот договор лесно се раскинува, Преспанскиот малку потешк , но мора да се ослободиме од стегите“.

Според Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ „не е невозможно да се промени Преговарачка рамка“.
Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски рече дека и ние и сме значајни на ЕУ и дека тоа треба да го имаме предвид.

– Колку ЕУ ни е битна на нам, толку и ние им требаме за да ја контролираат безбедноста во овој дел од Балканот. Крајно е неодговорно да се однесуваме сервилно кон сите нивни барања – рече Јакимовски.

Кандидатот на ДУИ Бујар Османи порача: „Ако место за идните избори се гледаше за идните генерации сега ќе бевме дел од ЕУ“.

На дебатата се зборуваше за сите значајни прашања – за внатрешната, за надворешната и за економската политика на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот