Пекевски: СДСМ не треба да бара поддршка од ЛДП и ДОМ на сила

Синиша Пекевски, Фото: Архива

Овој резултат што СДСМ го освои во првиот круг на локалните избори е тотален дебакл на власта, дури ни јас не очекував толку лош резултат, вели аналитичарот Синиша Пекевски за „Слободен печат“. Тој проценува дека задувале нови политички ветришта, кои освен значителен пораз на власта на локално ниво може да донесат и ново парламентарно мнозинство.

– Премиерот Зоран Заев под импресија на резултатот синоќа рече дека има време до конечните резултати, следува и вториот круг на 31 октомври и се повика на гласовите на колалициските партнери од владината коалиција, пред се ЛДП и ДОМ. Но, не би требало да се коалицира со сила, затоа што тоа може да биде многу контрапродуктивно и да се одрази уште полошо во вториот круг. Не верувам дека во овој момент некоја партија би дала бланко поддршка на позицијата, особено со новите ветришта што дуваат и што може да донесат ново парламентарено мнозинство во Собранието. Па зарем ЛДП и ДОМ излегоа од владината коалиција за сега пак да влегуваат? Ако влезат ќе го изгубат граѓанскиот концепт кој од летово го промовираат, а зошто да ги намалат своите позиции, зошто да се дефакторизираат пред кроењето на новото парламентарно мнозинство? Затоа во овој период треба да се смири топката и да не се предизвикува дополнителен револт со коалицирање на сила. И Левица, исто така, не очекувам дека за вториот круг ќе даде директна поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ – вели Пекевски за „Слободен печат“.

Тој додава дека партиите во овој период и јавно и тајно градат позиции и се пазарат пред вториот круг, па се очекува да бидат внимателни. Според него, причина за лошиот резултат во првиот круг на актуелната власт е или нејзиниот превид за расположението на граѓаните или ароганцијата и не требало да дозволат да се случи во некои општини „СДСМ да се бори против СДСМ“, како што се случи во Куманово, каде актуелниот градоначалник Максим Димитриевски како независен кандидат во вториот круг ќе се соочи со Оливер Ивановски од СДСМ.

– Интересна е и ситуацијата во Тетово каде ќе се натпреваруваат лидерот на Беса Биљал Касами и актуелната градоначалничка Теута Арифи од ДУИ, а двете партии се дел од Владата на СДСМ. Во ваква ситуација најдобро е СДСМ да не фаворизира ниту еден од нив и да им порача на поддржувачите да гласаат според сопственото убедување – вели Пекевски.

Атанасоски: ВМРО-ДПМНЕ тешко ќе направи ново мнозинство без ДУИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот