Патник од Малезија во куфер сокрил 47 питони, приведен на аеродром на сослушување

Питон/ Фото: laurent rozier / Panthermedia / Profimedia

Властите во јужната индиска држава Тамил Наду заплениле 47 питони од патник кој допатувал од Малезија, јавува Анадолија.

Царинските службеници на меѓународниот аеродром Тиручирапали истакнале дека врз основа на „разузнавачки податоци“, службениците заплениле 47 питони и два гуштери кои ги сокрил патникот.

Патникот пристигнал од Каула Лампур во Малезија на 29 јули со авион на „Батик ер“.

Порталот „Индија тудеј“ објави дека патникот бил задржан на аеродромот откако во куферот на патникот биле пронајдени питони и гуштери.

Властите покренале процес на враќање на влекачите во Малезија, се наведува во соопштението и се додава дека патникот е задржан на сослушување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот