Патарините во Грција ќе поскапат за 7,6 отсто од 2024 година

Патарина во Грција/ Фото: Nicolas Economou/NurPhoto / Shutterstock Editorial / Profimedia

Патарините во Грција од 2024 година ќе се зголемат за 7,6 отсто, од 2025 година цената ќе биде за уште два проценти повисока, а за 2026 година е планирано уште едно поскапување од два отсто, според портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис, јави дописничката на МИА од Атина.

На денешниот редовен брифинг со новинарите, Маринакис објасни дека зголемувањето на цените е обврска на државата кон концесионерите, согласно годишната инфлација во земјата.

Во 2022 година, требало да се донесе одлука за зголемување на патарините за 2023 година врз основа на висината на инфлацијата од септември 2022 година, кога изнесувала 12 отсто, што во пракса значи дека патарините на почетокот на оваа година требало да бидат за 12 проценти поскапи, меѓутоа од Министерството за инфраструктура и транспорт била донесена одлука да се замрзнат цените и да нема промени.

Но, според Маринакис, станува збор за одложување на обврската, која сега треба да се исполни и затоа ќе бидат воведени зголемувања во следните три години, односно 7,6 проценти за 2024 година и по дополнителни два отсто за двете наредни години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот