Партијата на Грците во Албанија смета дека Берели градоначалникот на Химара е политички затвореник

За случајот со Фреди Белери, градоначалникот на Химара, кој беше уапсен два дена пред локалните избори на 14 мај, на денешната пленарна седница на албанскиот парламент зборуваше пратеникот и лидер на Партијата обединување за човекови права Вангел Дуле.

Тој притоа побара негово итно ослободување, обвинувајќи дека е политички затвореник.

„На граѓанинот Дионисиос Алфред Белери произволно од секој аспект му се повредува неговата слобода и е лишен од уставното право да ги врши овластувањата и одговорностите што му ги довериле неговите сограѓани. На заедницата на општина Химара и е повредено класичното право на народот. И зошто сето тоа? Само затоа што не го сака првиот Лудовик од Албанија. За тоа што незаконски го чуваат господинот Белери во затвор, мотиватор и диригент е премиерот на државата, обвини Дуле.

Белери, кој е обвинет за поткуп на гласачи, беше избран за градоначалник на приморското гратче Химара, главно населено со Грци и неговиот избор го потврди и Централната изборна комисија.

Тој се уште е во притвор и доколку во период од три месеци не даде заклетва го губи мандатот.

Деновиве му беше одбиено барањето да биде ослободен од затворски и да оди во домашен притвор, што ќе беше можност да ја почне функцијата градоначалник.

На тоа, реагираше министерството за надворешни работи на Грција, кое меѓу другото оценува дека Белери директно е спречен да положи заклетва, а одлуката „предизвикува длабока загриженост за вистинските цели зад неговото гонење“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот