Парадокс: Австрија се соочува со голема невработеност, но и недостиг на работници

Австрија се соочува со парадоксална состојба на пазарот на труд – покрај големата невработеност како резултат на корона-кризата, многу компании имаат потреба од работна сила. Во земјата во моментот има над 410.000 невработени, а претседателот на Австриската стопанска комора, Харалд Марер очекува бројот во сеоптември да биде поголем за 80.000 лица. Покрај тоа, 400.000 луѓе работат со скратено работно време.

И покрај зголемената невработеност, многу компании не можат да најдат работна сила, рече Марер и додаде дека причината за тоа е што оние кои бараат работа не се таму каде што има работа.

Само во ИТ-секторот се создадени околу 20.000 работни места, а во услужните дејности недостига квалификувана работна сила, како на пример 1.300 инсталатери.

За да дојде до пад на невработеноста, Стопанската комора бара мерки од Владата, социјалните партнери и Службата за вработување.

– Квалификацијата е приоритет. Корона-кризата го отвори патот за дигитализација и образованието треба да го следи тој правец, рече генералниот секретар на Комората, Карлхајнц Копф.

Тој посочи дека занаетчиството се покажало како „поотпорно” на кризата и дека занаетчиите полесно наоѓаат работа отколку луѓето со универзитетско образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот