Папскиот олтар попрскан со света вода откако во него влезе гол маж

Фото: Твитер

Свештеници одржале посебен ритуал на „чистење“ во главниот олтар на базиликата „Свети Петар“, кој го користи и папата Франциск, откако просторот неделава го осквернави од човек кој таму се појави гол за да протестира против војната во Украина.

На молитвената миса предводена од кардиналот Мауро Гамбети човекот, полски државјанин, се соблекол и застанал пред олтарот на базиликата во четвртокот. На неговиот грб пишувало „спасете ги децата на Украина“.

Обезбедувањето на Ватикан го предало демонстрантот на италијанската полиција, која го приведла и во меѓувреме го депортирала од Италија.

Гамбети рече дека човекот направил „грешен и несоодветен гест, кој е за жалење“, со цел да го привлече вниманието на жртвите од војната.

Извор од Ватикан наведува дека за време на инцидентот, демонстрантот сам на себе си нанел гребаници по телото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот