Папата ја прифати оставката на полскиот бискуп поради невнимание во врска со злоупотреба на деца

Папата Франциск / Фото EFE/MAURIZIO BRAMBATTI / POOL

Папата Франциск ја прифати оставката на полскиот бискуп Анджеј Џуба поради невнимание во постапувањето со случаите на сексуална злоупотреба извршени од одредени свештеници врз малолетници, соопшти денеска апостолскиот нунциј во Полска.

Во соопштението се вели дека папата побарал од Џуба да поднесе оставка.

Џуба, кој бил епископ во Лович, не ги известил надлежните органи за случајот со свештеник од неговата епархија кој сексуално злоставувал 14-годишно момче, објавија локалните медиуми.

Медиумите јавуваат дека Џуба се соочува со обвиненија во Полска, објавија британските медиуми.

Папата Франциск пред неполн месец ја прифати оставката на полскиот надбискуп кој во документарен филм од 2021 година беше обвинет за „замижување“ пред сексуалната злоупотреба на деца.

Полската католичка црква пред две години објави дека од 1 јули 2018 до 31 декември 2020 година примила 368 пријави за сексуална злоупотреба на малолетници.

Според пописот од 2021 година, 71 отсто од населението на Полска се католици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот