Папата Франциск ќе има историска средба со ајатолахот Али ал-Систани за време на посетата на Ирак

Profimedia
Фото: Profimedia

Папата Франциск е подготвен за историска средба со највисокиот ирачки шиитски муслимански свештеник, ајатолахот Али ал-Систани, за време на неговата посета на Ирак, закажана за март, потврди денеска патријархот на ирачката Калдејска католичка црква.

Британските медиуми најавиваат дека на планираната средба со 90-годишниот ирачки шиитски ајатолах, папата Франциск за соговорник ќе има една од најважните фигури на шиитскиот ислам, и во Ирак и пошироко, која има огромно влијание врз политиката и јавното мислење.

Програмата за патувањето на Папата, што треба да се реализира од 5 до 8 март, е објавена на прес-конференција од страна на патријархот на Калдејската католичка црква и архиепископ на Багдад, кардиналот Луис Рафаел Први. Тој е католички кардинал и поглавар на најголемата христијанска заедница во Ирак, а освен оваа средба најави дека се предвидени и миса во Багдад и северниот град Ербил, јавија британските медиуми.

Папата ќе го посети и поранешното упориште на Исламската држава во Мосул, кое има значајно христијанско малцинство и урнатините на антички град Ур, во јужен Ирак, каде што Библијата вели дека е роден Авраам, предокот на сите народи и на јудеизмот и на христијанството и на исламот.

Западните агенции јавуваат дека посетата е планирана во услови на влошување на безбедноста во делови на Ирак и по првиот голем самоубиствен бомбашки напад во Багдад во последните три години.

Поглаварот на Католичката црква во досегашните посети на претежно муслиманските земји како што се Турција, Јордан, Египет, Бангладеш, Азербејџан, Обединетите Арапски Емирати и палестинските територии секогаш и силно повикуваше на „меѓурелигискиот дијалог”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот