Папајоану: Очекуваме доследно почитување на Договорот од Преспа, не коментирам што вели опозицијата во С. Македонија

Александрос Папајоану / Фото: Скриншот, Јутјуб

Се надеваме и очекуваме доследно почитување на Договорот од Преспа, како еден од критериумите за пристапниот процес на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), рече портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану.

Запрашан за коментар на барањето на ВМРО-ДПМНЕ во личните карти да не биде вклучена придавката „северна”, Папајоану истакна дека не сака да коментира „што вели опозицијата во Северна Македонија”.

– Она што сакам да кажам е она што го кажа и Дендиас кога беше тука Османи. Секако се надеваме и очекуваме доследно почитување на предвиденото со Договорот од Преспа. Не би сакал да коментирам она што го кажува ВМРО во конкретниот случај, рече портпаролот на грчкото МНР.

Околу трите меморандуми со нашата земја, што од средината на септември се доставени во грчкиот Парламентот, но сè уште не се ратификувани, Папајоану кусо одговори дека нема нешто ново и „во некој момент ќе стигнат за гласање”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот