Папа Франциск: Светот да се ослободи од нуклеарната енергија

Папа Франциск / Фото: Архива на Слободен печат

Папата Франциск во Токио се сретна со преживеаните од катастрофалниот земјотрес, цунамито и нуклеарната катастрофа во Фукушима во 2011 година, при што го повика светот да се ослободи од нуклеарната енергија, доколку сака да остави иднина за следните генерации.

Околу 18.000 луѓе починаа или се сметаат за исчезнати по таканаречената „тројна катастрофа”, кога катастрофалниот земјотрес предизвика низа катастрофи чии последици Јапонците се уште ги чувствуваат.

Земјотресот кој тогаш ја погоди Јапонија беше со јачина од 9,3 степени според Рихтер, по што следуваше катастрофално цунами кое предизвикува нуклеарна катастрофа во електраната Фукушима.

Поради зрачењето беа раселени 160.000 луѓе, а 40.000 до денеска сè уште не се вратени.

– Ќе мора да донесеме важни одлуки за користењето на природните ресурси, а особено идните извори на енергија, рече папата Франциск во Конгресниот центар во Токио.

По средбата со преживеаните од Фукушима, папата Франциск се сретна и со царот Нарухито, како и со премиерот Шиндзо Абе.

Папата претходно им оддаде почит на жртвите од американските атомски бомби фрлени врз Хирошима и Нагасаки на крајот од Втората светска војна.

Тој не изрази официјален став за нуклеарната енергија, но Ватикан претходно повика на „безбеден и мирен развој и функционирање на нуклеарните технологии”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот