Падна системот на унгарската гранична полиција, километарски колони на унгарско-српската граница

Принтскрин Твитер

Попладнево биле откриени проблеми во информативниот систем на повеќето унгарски патни гранични премини со Србија во окрузите Бачкишкун и Чонградско-чанад, соопшти унгарската полиција, пренесуваат српските медиуми.

Засега унгарските полицајци дозволуваат влез само на патници со пасоши на ЕУ.

Поради дефект на системот на унгарската страна на границата, за излез од Србија веќе се формирани километарски колони во Хоргош и Келебија, јавува „Блиц“.

На социјалните мрежи патниците сведочат дека се спуштени рампите на унгарските премини.

Унгарската полиција соопшти дека интензивно работат на поправка на софтверот на граничните премини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот