Пад на цената на нафтата, најниско во последните две недели

Цената на нафтата на светскиот пазар денеска падна за околу шест отсто и е на најниско ниво во изминатите две недели поради загриженоста предизвикана од продолжувањето на блокадата во Шангај воведена за сузбивање на ширењето на ковид 19, како и потенцијалот каматните стапки се зголемуваат во САД.

На лондонската берза цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море падна за 6,17 долари и сега изнесува 100,48 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта беше пониска за 5,91 долари и сега изнесува 96,16 долари за барел.

На цената на нафтата влијаеше и растот на доларот во однос на другите валути поради можното зголемување на каматната стапка во САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот