Фото: Профимедиа

Овој симптом кој трае од рано наутро до вечер многумина го игнорираат, а може да биде знак за рак

Здравствените експерти ги предупредуваат луѓето за „многу чест и вообичаен“ симптом на рак кој може да се појави веднаш штом ќе се разбудите наутро и да трае цел ден. И покрај тоа што погодува дури 65 отсто од заболените од рак, луѓето лесно го игнорираат или го поврзуваат со други проблеми, што може да биде многу опасно бидејќи го одложува поставувањето на дијагнозата, а познато е дека раната дијагноза спасува животи кога станува збор за ракот.

Сосема е нормално понекогаш да се чувствувате изморено наутро. Дури и ако добро сте се одмориле, може да се разбудите со чувство дека ви треба малку повеќе сон пред да го започнете денот. Исто така, не е невообичаено да се чувствувате малку изморени во текот на денот, особено во зимските месеци кога ниските температури и недостигот на сончева светлина придонесуваат за чувство на инертност и тромост. Но, постојаниот замор кој ви пречи може да биде знак за нешто многу посериозно. Според независната организација за истражување на ракот Cancer Research UK, заморот што не исчезнува дури и откако ќе се наспиете доволно или добро ќе се одморите треба да биде предупредувачки знак за аларм или можен симптом на рак. Овој замор може да биде предизвикан од самиот рак, како и од терапиите, а пациентот се чувствува многу изморено, исцрпено и без енергија.

Како да препознаете кога заморот е поврзан со рак

– Заморот поврзан со рак може да влијае на вас физички, емоционално и ментално. Колку долго трае и колку често се појавува може да варира од личност до личност – велат експертите од Cancer Research UK и наведуваат неколку други симптоми кои би можеле да укажат дека вашиот замор е поврзан со ракот:

– недостиг на енергија, како само да сакате да го поминете целиот ден во кревет

– потреба за одмор иако сте биле мошне малку или нималку активни

– чувство дека не можете да работите премногу

– проблеми со спиењето како што се неможност да се заспие или чести будења

– тешко будење и станување наутро

– анксиозност, тага или депресија

– болки во мускулите, може да ви биде тешко да се качите по скали или да одите дури и на кратки растојанија

– отежнато дишење (краток здив) дури и по лесни задачи, на пример, по туширање или местење на креветот

– проблеми со концентрацијата, дури и само кога гледате телевизија или разговорате со пријател

– отежнато јасно размислување или донесување одлуки

– губење на интересот за секс

– губење на интересот за работи во кои претходно сте уживале

– негативни чувства кон себе и кон другите.

Фрустрирачки замор

Сите овие симптоми можат многу да го отежнат секојдневниот живот.

– Заморот може да биде крајно фрустрирачки и многумина го потценуваат неговото влијание на секојдневниот живот. Нормалниот живот и активностите наеднаш стануваат тешки затоа што немате енергија да готвите, чистите, да се туширате или да пазарите. Можеби не се чувствувате доволно добро за да разговарате со некого. Работите што некогаш сте ги правеле со леснотија сега изгледаат како многу напорна работа. Некои луѓе дури и престануваат да работат поради такви симптоми. Исто така, некои луѓе доживуваат таков замор како постојан потсетник за ракот што го имаат, а тоа е многу тешко да го прифатат. Тие се загрижени дека постојаното чувство на толку замор може да значи дека нивната болест се влошува. Сепак, поверојатно е тоа да е последица на терапиите или едноставно фактот дека самиот рак може да предизвика замор – објаснуваат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот