
ФОТО | Овој пар посвоил четири деца, а потоа жената забременила: Кога го виделе ултразвукот, останале шокирани!
Чудни се патиштата господови, а приказната за ова семејство го докажува тоа…
Препорачано
Максин Јонг (30) и нејзиниот сопруг Џејкоб Јонг (32) се венчале пред само пет години, во 2016 година и веднаш имале желба за големо семејство.
Максин имала голема желба да посвои деца од дом. Тие ја пополниле документацијата и брзо пронашле две деца на кои ќе им бидат старатели. Наскоро ги повикале од социјалната служба прашувајќи ги дали сакаат да примат уште едно дете од ова семејство, а Максин веднаш се согласила при што не се ни консултирала со сопругот. Таа знаела дека три деца се многу, но едноставно не можела да ги раздвои браќата и сестрите.
View this post on Instagram
Но, тука не завршила приказната бидејќи откако биле во социјалната служба дознале дека децата имаат уште една сестра – вкупно биле четири деца од едно семејство. Максин го направила тоа што е во нејзина моќ со цел браќата и сестричките да останат заедно и тоа така и се случило. Максин и Џејкоб ги посвоиле сите четири деца.
По две години обидување, речиси во исто време кога дошле и децата во нивниот дом, Максин забременила. По една година, децата законски веќе биле нивни, плус тие имале и новороденче. Но тука не бил крајот на убавите вести. Парот Јонг сватил дека Максин е повторно бремена.
View this post on Instagram
Но тоа не била обична бременост – докторите биле шокирани кога сфатиле дека Максин носи четворка.
Парот бил во неверување, тие веќе имале пет деца за кои се грижеле, а сега требало да добијат и четворка
Докторите биле скептични дели Максин ќе успее да ги доноси децата, дали бебињата ќе бидат живи и здрави, но Максин родила 4 здрави бебиња.
View this post on Instagram
„Имаме девет деца помлади од 8 години. Звучи лудо и кога ќе кажам дека имаме осум деца помлади од 5 години! Џејкоб и јас се смееме кога ќе се сетиме дека ќе имаме дете во секое одделение во основното и средното училиште!“, изјави таа.
View this post on Instagram
Семејното дрво на Максин и Џејкоб изгледа вака: Ејден (8), Паркер (5), Конор (4) и Елиот (3), а потоа Хенри (2) и четворката Бек, Силас, Тео и Сесилија кои се стари 3 месеци.
Максин вели дека нивната куќа се претворила во целосен хаос, но дека на неа и е убаво бидејќи е исполнета со многу љубов.
View this post on Instagram