Овој хороскопски знак е најголем мрзливец: Спремен е да се откаже и од својата цел само за да се излежува на каучот!

Мрзливоста е посложен феномен од што изгледа – има различни видови на мрзливост кои можат лошо да влијаат на луѓето.

Астролозите велат дека тоа има врска со нашиот хороскопски знак, а страницата „Your Tango“ пишува дека еден знак во зодијакот има карактеристики на личност која не покренува иницијатива, има недостаток на желба, откажува и одолговлекува.

Станува збор за Рибите.

Рибите се опуштени и често даваат впечаток на мрзливост. Станува збор за интуитивниот хороскопски знак, чувствителен спрема луѓето и на кого очајнички му е потребно постојано охрабрување и поддршка од страна на семејството и пријателите.

Некои луѓе ги нарекуваат Рибите интроверти поради тоа што се многу резервирани. Меѓутоа, тие остваруваат одлична комуникација и дружење кога се наоѓаат во мали групи или интимни опкружувања.

Рибите се сонувачи.

Владетелот на овој знак е Нептун, планетата на соновите и инспирацијата, па Рибите често имаат потреба да се изразуваат преку музика и уметност. Креативни се и го ценат светот токму поради овие причини. Рибите на прв поглед изгледаат мирно, но тие секогаш ќе ја покажат својата вистинска личност кога ќе почувствуваат дека некој се обидува да го придобие нивното внимание. Кога разговараат, сите ги слушаат бидејќи знаат дека тивките личности често се оние кои имаат многу да споделат.

Рибите избегнуваат борба, па тогаш често стануваат мрзливи.

Кога Рибата ќе почне да се сомнева во некого или нешто, ќе направат се што може да се убедат себе дека е време да се откажат. Стравот често знае да ги парализира, поради што почнуваат да се откажуваат или да одолговлекуваат. Доколку постои нова можност за работа, нивниот страв од непознатото брзо ќе ги надвладее. Оваа пропуштена можност за добра кариера може да ги доведе до работ на депресијата или анксиозноста. Доколку знаат дека некој друг добил иста понуда и увидат колку се добри за работата, Рибите ќе се каат секој ден.

Тогаш ќе започнат да се сомневаат во себе како личност и ќе се прашуваат дали се способни да ги постигнат целите во кои некогаш верувале. Тоа доведува до поинаков вид на мрзливост кој постои само кај Рибите.

Рибите се домашни типови.

Рибите се спремни со денови да бидат дома и да не разговараат со никој, ниту да излегуваат. Така ќе пропуштат можност да се спријателат со некоја прекрасна личност или да одбијат работа бидејќи не се чувствуваат доволно вредни да ја добијат. Со оглед на тоа што може со денови да се дома, дури и недели, Рибите ќе се вовлечат во својата комфорт зона и ќе започнат да развиваат негативни емоции. Често одбиваат помош од други луѓе.

Рибите ќе ги остават работите да поминат околу нив, нема да ги зграбат.

Рибите се сметаат за мрзливи затоа што кога ќе им се појави одредена можност, тие ќе ја отфрлат поради премногу длабокиот замор кој е втемелен само во нивните мисли. Тие можат да се оттуѓат и спремни се да не направат апсолутно ништо за да го решат проблемот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот