Фото: PxHere

Овие три евтини и вкусни намирници ќе ви помогнат да го намалите холестеролот

Богати со влакна, протеини, железо и магнезиум, гравот и леќата се меѓу најхранливите и најразновидните намирници.

Гравот лесно се вклопува во различни јадења, од супи и салати до сосови и прилози, а секако и како главно јадење, па нутриционистите откриваат зошто треба почесто да го јадеме.

Редовното консумирање грав и леќа е корисно за намалување на холестеролот, помага во заштитата од рак на дебелото црево, го стабилизира нивото на гликоза и помага во спречување на дијабетес, помага во одржување на здрава тежина и обезбедува поголем внес на влакна, железо и калциум.

Кои мешунки треба да ги внесеме во исхраната?

Секој вид грав има уникатни хранливи вредности и вкус, што го прави одличен додаток во вашата секојдневна исхрана. Без разлика дали бараме извор на протеини, влакна или витамини, секој вид носи свои придобивки. Еве некои од најдобрите избори и совети како да ги вклучите во вашите оброци:

Леќа

Половина шолја варена леќа содржи 8 грама влакна, 9 грама протеини и е богата со витамини Б, железо и магнезиум. Додадете ја во салати, супи, кари, хамбургери или како замена за месо во болоњезе сос.

Црн грав

Половина шолја конзервиран црн грав има 6 грама влакна и протеини, како и железо, фолна киселина и тиамин. Можете да го користите во салати, тортилји, печива или хамбургери.

Леблебија

Половина шолја леблебија (наут) содржи 6 грама влакна и 7,5 грама протеини и е богата со железо, магнезиум, фосфор, фолна киселина и манган. Наутот од конзерва може да се користи на различни начини – додадете гo во салата, изгмечете го во сендвич или испечете го и прелијте го со темно чоколадо доколку сакате сладок деликатес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот