
Експертка предупредува: Овие суплементи не смеете да ги пиете со кафе
Многу луѓе одлучуваат да земаат некои додатоци во исхраната во текот на појадокот и утринското кафе, за да не заборават да ги испијат подоцна во текот на денот, кога ќе им започнат обврските. Експертката Агњешка Козловска, сопственичка на „Мирикал лиф велнес“, предупредува на некои потенцијално негативни ефекти на кафето и кофеинот врз четири специфични додатоци.
Препорачано
Оние кои земаат додатоци на витамините Б, Ц, Д и на железо би можеле да бидат особено чувствителни на овој ризик ако ги консумираат овие таблети со кафе, пишува британскиот портал „Експрес“. Затоа, оваа експертка советува да ги земате вашите додатоци со обична вода и да почекате најмалку 30 минути пред да внесете кофеин.
– Кофеинот може да предизвика телото да ги изгуби есенцијалните минерали како магнезиум и калиум кои се важни за хидратацијата, здравјето на срцето и енергијата. Додавањето електролити во водата е ефикасен начин за обнова на тие нивоа – објаснила таа.
Железото е една од основните хранливи материи што телото не може да ги апсорбира кога имате кофеин во вашиот систем, поради што Козловска препорачува да избегнувате кафе или чај неколку часа пред и по земањето додаток на железо. Кофеинот, исто така, се меша во начинот на кој вашето тело ги обработува виталните додатоци на витаминот Д.
– Кофеинот може да ја намали способноста на телото да го апсорбира и ефикасно да го користи витаминот Д, бидејќи кофеинот ги попречува рецепторите кои му помагаат на вашето тело да го користи – објаснила експертот.
Таа, исто така, истакнала дека витаминот Д е важен за силни коски, здрав имунолошки систем и добар сон, затоа е важно да се оддели консумирањето кафе и внесот на витамин Д.