Ова се најчестите симптоми на заразените со коронавирус во Европа

Фото: Профимедиа

Главоболка и губење на сетилото за мирис се најчестите симптоми на коронавирусот кај заболените во Европа, покажуваат резултатите од истражувањето на институтот ИФОС во Франција.

Истражувањето покажало дека болеста се манифестира во различни облици, а кои симптоми ќе се појават зависи од староста и полот на пациентите.

Резултатите од истражувањето покажале зачестеност на тие симптоми кои не биле забележани во истражувањето на пациентите во Азија, пренесува порталот Индекс.

Заклучокот од овој научен експеримент, изведен на повеќе од 1.400 пациенти кои имаат благ или умерен облик на болеста, а кој е објавен во „Journal of Intern Medicine“, е дека седум од десет заболени ги имаат тие симптоми.

Истражувањето, извршено во пет европски земји (Франција, Белгија, Италија, Шпанија и Швајцарија) потрдува дека губењето на сетилото на мирис е еден од специфичните симптоми на Ковид-19 и тоа не само како последица на затнат нос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот