Ова се цените за новогодишните настапи на Цеца, Шерифовиќ, Дара Бубамара, а погледнете за колку ќе пее Дино Мерлин во Скопје! (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Полека започнува да се зборува кој каде ќе настапува за Нова Година, а белградските ресторани се натпреваруваат кој ќе ја има како гостин најоглемата ѕвезда.

Како и секоја година, така и сега највисока цена за настап за нова година има Цеца, која ќе добие 80 илјади евра.

И оваа година најплатена е Цеца, која после настап за новогодишната ноќ ќе биде побогата за 80,000 евра, а со Цеца ќе настапува и Слоба кој ќе земе 15.000 евра.

Марија Шерифовиќ и Алексндра Пријвиќ може да се пофалат со високи хонорари. Марија има „тезга“ за Нова Година од 45.000 евра, а Александра 35.000 евра.

Дарко Лазиќ и Џани, ќе земат по 30.000 евра, а за новогодишната ноќ тој ќе пее со двете колешки Слаџа Алегро и Дара Бубамара кои ќе земат по 20.000 евра, рекол извор добро упатен во овој бизнис.

Инаку знаете дека скопјани за најлудата ноќ ќе ги забавува босанската ѕвезда Дино Мерлин. Неговиот настап наводно ќе изнесува 80.000 евра. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека пејачот нема да го чини градот ниту денар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот